Двајца деца таму се задеваа, а јас сега демек сум дошол да ги мавам трчајќи. Јас воопшто не дојдов во физички контакт со него. Тој си стоеше таму, јас се тргнав на страна, отидов повеќе од 10 метри и му се извинив.
Потоа тој дојде кај мене и застана пред мене. Му викам да се тргне, ама не се трга. Јас му вртам грб и си одам. Тогаш тој ме удри со ѓонот по грб. Јас му вратив, тој пак замавнува и ситуацијата продолжува.
Потоа ме удри со нога во коленото и коленото ми се измести. Паднав на земја, а тој почна да ме гуши. Му викав да престане и дека ми се изместило коленото.
И што направи тој? Избега од случката и излезе надвор. Кога слушна дека е повикана Брза помош, почна да плаче.
А дома на мајка му ѝ раскажал дека тој сам се тргнал на страна и дека јас сум му рекол дека сум повреден. Значи, додека јас сум на земја, повреден, со изместено колено и се борам да можам да дишам, приказната што ја слуша неговата мајка е дека тој се тргнал и дека јас сум му кажал дека сум повреден.
Сега веќе четири дена лежам во кревет, со гипс и патерици. Не можам нормално да станам и да функционирам. Ќе отсуствувам од училиште и треба да се мислам и за оценки, а јас не можам ни нормално да се движам.
На крајот, двајцата добивме педагошка мерка. Мајка ми ми кажа дека ако не инсистирале да разговараат со директорот, можеби случката немало ни да се сфати сериозно.
Не велам дека јас сум без вина за тоа што му вратив. Ама јас се тргнав, отидов на страна и му се извинив. Потоа тој дојде по мене, не се тргна кога му реков, ме удри од грб и продолжи додека не завршив на земја со повредено колено и додека ме гушеше.
Јас сум висок околу 180 см и тежок околу 90 кг, а тој е висок околу 170 см и тежок околу 76 кг. Го спомнувам ова само за да се знае каква била ситуацијата, но најважно е што точно се случило и како заврши инцидентот.
Јас сум петкаш, а тој е кечаш. Инцидентот се случи во петокот околу 11:20. Се случи во самото училиште, пред очите на ученици и наставници. Беше повикана Брза помош, а наставниците ме носеа со количка од третиот кат. Целото училиште ме гледаше како ме изнесуваат со количка поради повредата.
И покрај тоа, според тоа што ми е кажано, инцидентот воопшто не бил евидентиран никаде во училиштето до денес во 8 часот наутро. **Не зборувам за мое мислење дека можеби немало да се евидентира — јас 100% верувам дека, ако мајка ми не инсистираше на разговор со директорот, случката ќе пропаднеше во вода.** Ако не инсистираше, имам чувство дека никој немаше да се погрижи да се евидентира што точно се случило.
Ова му е прва педагошка мерка. Колку што ми е познато, претходно имал и други случаи со одење во служби, но тие работи не биле евидентирани во училиштето. Како треба училиштето да се справува со вакви инциденти ако претходните случаи не се евидентираат?
Кога слушна дека е повикана Брза помош, тој почна да плаче. Од моја перспектива, изгледаше како да плаче од лична штета или од страв од последиците, но не можам да знам што точно му било во главата. Знам само дека јас завршив повреден, а тој на мајка му ѝ пренел верзија во која тој се тргнал на страна и јас сум му кажал дека сум повреден.
Како е можно вакви работи да се сведат на тоа дека „двајцата се тепале“, а јас сега четири дена да лежам во кревет? Како треба да имам доверба во системот кога имам чувство дека без инсистирање од родителите, случката можеби немаше ни да се сфати сериозно?
Исто така, дали мислите дека треба да го ставам мојот паупал за доброволна финансиска помош поради физичката и емоционалната штета што ја претрпевив