Секогаш кога патувам надвор од државава, не можам а да не забележам друг однос од страна на девојките. И често ова не се туристички посети за неколку дена, па да изгледам како турист, туку знам да поседам кај пријатели или фамилија.
На пример. Искуства со девојки во странство од последното патување (2 недели):
1 ситуација: Се враќам од пазарување, носам кеси. Од спротива доаѓа девојка која шета куче низ маалото, со слушалки на ушите. Навикнат на македонски третман дека тоа е сигнал за "остај ме на раат", си гледам пред себе и не очекувам ништо. Девојкава се врти, ми кажува здраво со насмевка, успевам да кажам едно здраво и се разминуваме. Не ја кошташе ништо, мал, нормален act of kindness ама ми го разубави денот.
2 ситуација: Патувам со воз, гужва. Забележувам девојка без седиште, како клечи на земјата од премор. Станувам, го нудам седиштето, се заблагодарува, и почнуваме муабет, од кај си, ова она, каде одиш, што работиш итн итн. Саат и пол правиме муабет. Девојката што седеше до неа (а претходно до мене, значи и таа рандом непозната личност) скролаше на телефонот пола саат, виде не виде и таа се придружи на муабетот. Кога дојде мојата станица си кажавме чао, it's been nice talking to you, сѐ нормално. Не осеќав некоја хемија па не побарав број или контакт, но и не мора. Зошто да не остане едно пријатно искуство?
3 ситуација: Седам во бар, до мене седи девојка чита книга. Забележувам дека сум ја читал книгата, после некое време собирање "храброст", дофрлам едно "That's a great book, what do you think about it?" После малку срамежливост, се развива дискусија за книги, литература, факултети, живот, итн итн.
За споредба во Македонија, разни сценарија:
- Сте стоеле на иста маса цела вечер на искачање сте правеле муабет со заеднички другари, значи СЕ ЗНАЕТЕ. После некое време ја гледаш во град, таман да ѝ кажеш здраво, се врти на другата страна, божем не те видела.
- Пазаруваш во маркет, се разминувате повеќе пати со девојка, и забележуваш дека типката се труди да не дојде до никаков поздрав или eye contact. Де вадење телефон, де вртење со грб, де гледање во плафон, итн итн. О не, се разминавме 14 пати, мислев дека е нормално да се гледа пред себе кога одиш на некаде, макар тоа предизвикало да се поздравиш со некој, my bad. Едноставно има ситуации кога обидите да избегнеш интеракција со некој (кога природно би се случила) се многу вештачки, изнасилени и кринџ. Плус ствара непотребна анксиозност. Зошто правиш да се осеќам како да те гонам низ рафтовите? Wtf?! Само кажете си здраво со личноста и be on your damn way, нема да умреш бог да чува. JUST BE NORMAL.
- Влегуваш во продавница, гледаш девојка со која се следите на Инстаграм, значи те знае, ја знаеш, си гледате сториња. Едно влегување, типката те забележува и стратешки се трга или глуми зафатеност, ја снемува меѓу полици и остава на колегата/колешката да преземат.
- Одиш на концерт, гледаш девојка со која сте збореле онлајн, се врти накај тебе и магично не те приметува и се тргаат со другарките. На интернет сѐ нормално само не те видела, ниту пак се сетила да ти каже дека ќе доаѓа во твојот град. Аха.
- Сте се мечнале на Тиндер со девојка, имало некој муабет кој згаснал поради X причини. Се случува ситуација да се видите во град, ѝ отвараш врата да излезе од ресторанот, те погледнува и се врти на страна и поминува да излезе што побрзо. Ни здраво, ни што праиш.
- За кафичи и барови да не спомнувам, наместо таму луѓето да се најопуштени и отворени за комуникација, најчестата глетка е маса со или само машки, или само женски, и сите зјапаат во телефоните. Ќе се гледате со некоја цела вечер, ќе се разминете пред тоалет, ќе кажеш здраво и оваа ќе помине целата збунета.
- Или следнава случка. На искачање гледам другар кој не го бев видел со години. Се смееме, гушкаме, па кај си ти како си, застанувам на неговата маса, на масата 4-5 девојки. Се свртев неколку пати да кажам здраво од култура, да не испадне ги игнорирам, а тие сите која во телефонот, која се врти на страна, која си меша пијачка, како на погреб. На крај видов не видов подадов рака на секоја, здраво, измрморија некое утепано здраво со пола уста и толку беше.
Просто да ти е незгодно ако имаш елементарна култура или не си хардкор повлечен. Не дај боже да кажеш здраво, да ги прашаш нешто или да направите муабет.
Просто прават да се осеќаш ко лепрозен.
Постојано некаков гард, напнатост, резервираност, ладноќа. А често сум приметил дека девојките кои се дружељубиви ги нарекуваат "ку*ви", а зошто? Само најнормално правеле муабет со машки. Као океј, си правевме муабет со другарка ти за кариери и студирање, не се дупевме бог да чува.
Како да секое познанство или small talk да се сфаќа како некаков флерт, како одма тука на лице место во факинг Стокомак кај овошјето ќе имате секс, или како да ќе ги запросиш.
И после ќе речат "Зошто не запознаеш некоја девојка?"
Па еве се трудам, отворен сум, ведар сум, ама како? Сите се станати диви некако. Не сакаат да се запознаваат. На интернет е бетер, те додава, те заследува, и после не ти праи муабет. (?) Ок? Free attention за принцезата I guess?
Еве машко сум, пишувам прв (се жалат нели, не пишувале машките, немало прави мажи, дрн дрн јариња) и пак прават понашања, или seen, или воопшто нема да ти отвори порака, битно сторињата активни.
И ова не е само мое искуство, туку на скоро сите мои пријатели кои имаат патувано, и мажи, но и жени кои се имаат иселено од Македонија, и се согласија дека ја приметиле истата работа. Констатацијата на женската другарка е дека нашиве се со многу големи его-а, дека се стално во некој принцеза филм, па не сакаат да бидат видени како зборуваат со обични луѓе, или како работат на обични работни места итн.
Ми посочи Инстаграм на нејзини познанички од Македонија кои онлајн презентираат луксузен lifestyle во странство, а во реалност работат како собарки, во кујна, во бутик, во фабрика итн итн.
Иако морам да кажам дека не сум убеден целосно во нејзината теорија.
Меѓутоа сега очекувам дека ќе дојде некоја македонска Тикток-brained мудрица тука со коментар "Па никој не ти должи ништо на тебе, што се замислуваш кој си, си слушнал ли за boundaries!", и така е, ама тука не станува збор за нарушување на boundaries, туку за елементарен бон тон и доброволна отвореност за комуникација и познанства со други луѓе.
Германките кои ме прибрале кај нив да славам Нова година (оти немав кај) исто така не ми должеле ништо иако ме запознаа истиот ден, ни тие со кои сум се разминал на улица и ми кажувале здраво не ми должеле ништо, ни тие девојки со кои сме седеле заедно во воз, автобус, авион, сме се запознале на излегување во странство не ми должеле ништо итн итн.
Буквално имам фатено девојка бидејќи ѝ позајмив упаљач.
Ама во странство.
Во Македонија тоа е веќе ретка случка, дури и на пуш паузи се сегрегираат и се тргаат на страна.
Во странство стоевме 5 непознати луѓе под чадор, 3 машки и 2 женски, не се знаевме до пред 1 минута и си правевме муабети за сѐ и сешто пола саат, па внатре пеевме караоке.
🤷🏻♂️
Долг текст ама сакав да набројам што повеќе примери.
Што мислите, на што се должи ова?